Стативата го спречи најсмешниот голмански автогол во историјата (Видео)

На синоќешниот натпревар од француското првенство помеѓу Брест и Ница, голманот на домашните, Готје Ларсонер, за малку ќе си постигнеше невиден автогол, со кој дефинитивно ќе се најдеше на многу шпици за најсмешни фудбалски потези.

Сантиметри фалеа 23-годишниот Ларсонер од мртов агол да си ја затресе сопствената мрежа која треба да ја чува, топката му мина преку нога и тргна во непосакуван правец, но стативата беше негов сојузник и спречи невиден срам и катастрофа која голманот никогаш немаше да си ја прости.

Погледнете:

- Оглас -

Најнови вести