Стативата и пречката спречија победа на Шведска, 90 минути недоволни за триумф

Шведска и Украина откако не дадоа гол до десетина минути пред крајот, се задоволија со нерешените 1-1, па двете селекции ќе играат уште дополнителни 30 минути за пласман во четвртфиналето на ЕП, каде што победникот ќе се сретне со Англија во Рим.

Швеѓаните беа поблиску до победа, но разиграниот Емил Форсберг немаше среќа бидејќи во второто полувреме по еднаш ги погоди стативата и пречката. И Украинците преку Сидорчук еднаш ги погодија рамките на голот.

- Оглас -

Најнови вести