Ставре Јада 86-ти во спринт, беше побрз само од двајца конкуренти

Македонскиот олимпиец Ставре Јада го освои 86-тото место во квалификациите во дисциплината спринт во крос-кантри, во конкуренција на 88-мина натпреварувачи кои стартуваа на ЗОИ во Пекинг.

Патеката од 1,5 километар Јада ја мина за 3 минути, 29 секунди и 13 стотинки, што беше за 44 секунди послабо од Французинот Шанават, кој беше најбрз. Побавни од македонскиот крос-кантри скијач беа само еден Либанец и еден Колумбиец.

- Оглас -

Најнови вести