Кари до Нова година ќе биде најдобар тројкаш на сите времиња во НБА, Јокиќ како булдожер урива рекорди (Видео)

Голден стејт продолжи да игра во извонреден стил и да реди победи, а првата ѕвезда на Воините, Стефаон Кари е многу блиску до првото место на вечната листа со кошаркари што постигнале најмногу тројки.

Ноќеска Голден стејт го победи Портланд со 104:94 на меч во кој Кари постигна шест тројки и сега е на само 10 чекори до уривање на рекордот на Реј Ален.

Ален кој веќе не игра има постигнато 2.973 тројки на 1.300 натпревари, а Кари е веднаш зад него со 2.964 на 786 мечеви. Трет е Реџи Милер со 2.560 тројки на 1.389 натпрвари во НБА лигата.

https://twitter.com/NBA/status/1468812298559053827?s=20

Ноќеска во два драматични дуели Денвер нагетс ги победи Њу Орлеанс пеликанс со 120:114 по продолженија, а дополнително време се играше и на дуелот меѓу Детроит пистонс и Вашингтон визардс, а и тука победија гостите, со 119:116.

Никола Јокиќ со 39 поени и по 11 скока и асистенции беше ѕвезда на НБА програмата од вкупно 13 натпревари.

Српскиот ас е единствениот кошаркар во НБА во последните 75 години што постигнал трипл -дабл од минимум 39 поени, 11 скока и 11 асистенции и притоа шутирал со прецизнос од 75 посто, или подобро од тоа.

џѝџѝѝ

Резултати: Шарлот – Филаделфија 106:110, Кливленд – Чикаго 115:92, Детроит – Вашингтон 116:119 по едно продололжение, Индијана – Њујорк 122:102, Мајами – Милвоки 113:104, Торонто – Оклахома 109:110, Хјустон – Бруклин 114:104, Мемфис – Далас 96:104, Минесота – Јута 104:136, Њу Орлеанс – Денвер 114:120 по едно продолжение, Голден стејт – Портланд 104:94, Сакраменто – Орландо 142:130, Л.А. Клиперс – Бостон 114:111.

- Оглас -

Најнови вести