Стеф Кари донел важна одлука

Стеф Кари и Голден Стејт вориорс повторно се глави во НБА. Воините стигнаа до нов шампионски прстен, а Кари беше предводник во успехот. Плејмејкерот најави дека планира до крајот на кариерата да го носи дресот на Голден Стејт.

„Никогаш не би сакал да си заминам од Голден Стејт. Сакам ова да биде мојот единствен спортски дом. Би останал тука и по завршување на кариерата. Пуштив корења во Голден Стејт, овој град секогаш ќе го сметам за мој дом“, рече Кари.

Блескава е кариерата на Кари во Голден Стејт. Четири пати беше првак во НБА, два пати ја доби наградата за МВП на лигата, а во последното финале ја доби наградата за најкорисен играч.

Кари дојде во Голден Стејт во 2009 година како седми пик на драфтот. Низ кариерата има многу клупски рекорди, а дефинитивно е и еден од најдобрите шутери во историјата на НБА.

- Оглас -

Најнови вести