Стеф Кари го испрати Бостон „на спиење“ (Видео)

Голден стејт вориорс и Бостон селтикс го одиграа најинтересниот меч во НБА-лигата рано утрово, а на задоволство на публиката во Сан Франциско, победија домашните со 132-126 по продолжение од пет минути.

Воините се спасуваа од пораз во регуларниот дел, последната четвртина мораа да ја добијат со 11 поени разлика за да се изборат за продолжение. Во екстра периодот, клучниот кош беше дело на Стеф Кари, кој брзински високо ја исфрли топката и погоди тројка на 10 секунди до крајот за 130-126. Кари заврши со 33 поени, од кои 20 беа во четвртата четвртина и продолжението.

Драма, но со среќен крај за гостите имаше во Њу Орлеанс каде Мемфис победи со 115-113. Кошот за победа го даде Џа Морант во последната секунда. Гризлис во еден момент од мечот губеше со 24 поени разлика, но направија сензационален пресврт.

https://twitter.com/i/status/1737307717956456471

- Оглас -

Најнови вести