Стеф Кари ја скрши раката (Видео)

Голден стејт како да е проколнат во последниве неколку месеци. Тимот кој доминираше во НБА-лигата, а минатата сезона сепак загуби во големото финале, остана без својот најдобар играч. Стеф Кари заработи скршеница на раката на дуелот против Феникс.

По еден продор, Кари падна на теренот, а врз неговата рака падна и Арон Бејнс, што беше знак дека се работи за посериозна повреда. Кари заработи скршеница на зглобот на раката и ќе мора да паузира подолго време. Некогашните НБА прваци во последниве неколку месеци имаа повреди на повеќе ѕвезди. Пред крајот на минатата сезона се повредија Кевин Дурант, Де Маркус Казинс и Клеј Томпсон, а сега ред му дојде и на Кари.

Феникс доминираше на теренот и до повредата на Кари, па Сонцата без проблем на крајот победија со 121:110 на гостински терен.

- Оглас -

Најнови вести