Стеф Кари потсети на шампионските денови на Голден стејт вориорс откако неговиот тим го изненади фаворизираниот Милвоки бакс и славеше минимално со 122:121. Првата ѕвезда на Воините блескаше во текот на целиот меч, па Кари на крајот заврши со 41 поен.
Голден стејт уште на стартот на мечот покажаа дека се подготвени да победат и поведоа со 18:5, а предност имаа речиси во текот на целото прво полувреме. Во третата четвртина Милвоки заигра одлично, па негативата ја претвори во позитива, која во еден момент изнесуваше13 разлика (86:73).
Милвоки до самиот финиш на средбата имаше двоцифрена предност, 113:103, но домаќините не се предадоа и со одлична серија од 17:4 стигнаа до предност од 120:117. Во драматичната завршница Милвоки го имаше последниот напад за победа, но домаќините одлично се одбранија.
На Никола Јокиќ доволно му беа 27 минути поминати на теренот за да одигра маестрано. Србинот заврши со 27 поени, 11 асистенции и осум скока, а неговиот Денвер го победи Детроит со 134:119. Центарот на Нагетс погоди 13 од 16 упатени шута, а неговиот тим имаше предност од над 20 поени во последната четвртина, па Јокиќ немаше потреба да биде во игра.
Во останатите мечеви одиграни ноќеска: Индијана – Чикаго 97:113, Атланта – Њу Орлеанс 123:107, Бостон – Филаделфија 106:116, Торонто – ЛА лејкерс 101:110, Мајами – Мемфис 112:124, ЛА Клиперс – Портланд 133:116.