Стеф Кари не беше МВП, но правеше шоу и беше главна ѕвезда на НБА-олстарот (Видео)

Тимот на Леброн го победи Тимот на Дурант со 170-150 на годинешниот НБА олстар-натпревар во Атланта. За најкорисен поединец на овој ревијален меч беше прогласен Јанис Адетокумбо, кој заврши со 35 поени и постави историски рекорд со тоа што на еден олстар имал 16 погодени шутеви од поле од 16 обиди.

Се играше до 170 поени, со тоа што на тимот кој води по три четвртини, му се додаваа 24 поени во чест на Коби Брајант. Откако се игра по ваков формат, тимот кој бил биран од Леброн Џејмс, никогаш не загубил.

Фановите гласаа за МВП да биде Стеф Кари (даде 28 поени), кој претходно победи на натпреварот во шутирање тројки, а на олстар-мечот даваше некои луди тројки од огромна далечина, имаше атрактивни асистенции, а покажа дека знае и да забива.

Погледнете што правеше Кари:

https://twitter.com/i/status/1368773481379270664

- Оглас -

Најнови вести