Стеф Кари трет пат во кариерата е исклучен и секојпат е поради штитникот за уста (Видео)

Голден стејт во драматичен меч на свој терен славеше против Мемфис со 122:120, а најсреќен на крајот треба да биде Стеф Кари. Првата ѕвезда на Голден стејт во клучните моменти направи глупост и беше исклучен на 74 секунди пред крајот.

Домаќините водеа со 116:114, а Кари, кој со враќање во одбрана, од устата го извади штитникот (заштитната гума за забите) кој го носи и нервозно го фрли. Ова го забележаа судиите, кои го стопираа мечот и Кари доби исклучување.

За Кари ова е трето исклучување во неговата 14-годишна НБА-кариера и секопат тоа било поради истиот испад, а тоа е фрлање на штитникот за уста. За среќа на Кари, неговите соиграчи успеаја да ја сочуваат предноста од два поени и на крајот се радуваа на победа од 122:120.

- Оглас -

Најнови вести