Стефан Јевтоски ја засили Струга Трим Лум

Македонскиот првак Струга Трим Лум ангажираше уште едно квалитетно засилување. Нов играч на стружани е Стефан Јевтоски, кој му се приклучува на тимот во пресрет на европските натпревари кои ги очекуваат во квалификациите за ЛШ.

Дефанзивниот играч за врска потпиша двегодишен договор, а во Струга Трим Лум доаѓа од унгарскиот тим Ујпешт.

„Стефан Јевтоски е следниот фудбалер кој ќе му се приклучи на шампионското семејство на Струга Трим Лум. Дваесет и шестгодишниот роден скопјанец доаѓа од редовите на унгарскиотта тим Ујпешт, каде што играше во последните три години. Интернационалната кариера ја започна како 19-годишник, кога од Металург замина во бугарскиот Локомотив Пловдив“, истакнаа од Струга Трим Лум.

- Оглас -

Најнови вести