Стефан Ристовски ќе си оди од Спортинг!

Македонскиот репрезентативен десен бек Стефан Ристовски наскоро би можело да си замине од Спортинг Лисабон, клубот чиј капитен требаше да биде сезонава. Според португалските медиуми, Ристовски е во конфликт со тренерот Рубен Аморим, па на нашиот 28-годишен бек му била покажана излезната врата.

Ристовски воопшто не беше во составот на Спортинг на последните два официјални меча, со Пасош Фереира и Абердин, и тоа е доволен сигнал дека Аморим не смета на него. Најавите се дека клубот би го продал ако добие понуда од 2,5 или 3 милиони евра.

Договорот на Ристовски е до јуни 2022 година. Тој за Спортинг потпиша во летото 2017 година, кога дојде од Риека. На позицијата десен бек предност пред Ристовски доби Педро Поро, кој е позајмен од Манчестер сити, а ако си замине Ристовски, резерва ќе му биде Бруно Гаспар.

- Оглас -

Најнови вести