Стефан Ристовски утре ќе потпише за Динамо

Стефан Ристовски дефинитивно ќе игра за Динамо Загреб, но потписот за Модрите ќе го стави утре, откако претпладнето ќе ги мине лекарските тестови.

Хрватскиот првак со Спортинг Лисабон ги договори сите услови за трансферот, Динамо ќе плати малку повеќе од 1 милион евра. Ристовски, кој има искуство од играње во Хрватска бидејќи со успех го носеше дресот на Риека, во Динамо би требало да биде стартер и од него се очекува со своето знаење и искуство да му помогне на тимот во битките (на 18-ти и 25-ти февруари) против рускиот Краснодар во Лигата на Европа.

За Ристовски имаше интерес од повеќе клубови, но одлучи да стане соиграч со репрезентативниот колега Аријан Адеми и да заигра за тим кој е познат по тоа што купува евтино, а потоа неколку пати поскапо ги продава своите фудбалери.

 

- Оглас -

Најнови вести