Стефано Пиоли го продолжи договорот со Милан

Стефано Пиоли денеска го продолжи договорот со Милан за уште една сезона, што значи дека на клупата на Росонерите останува до летото 2023 година.

Годишната плата на Пиоли ќе биде околу 3,5 милиони евра. Со Пиоли на клупата, Милан на 106 меча има 59 победи и 20 порази.

Ова продолжување на договорот се случува по победата на Милан на гостувањето кај Атлетико Мадрид и откако Ралф Рангник, кој беше цел на клубот, се договори да стане менаџер на Манчестер јунајтед.

- Оглас -

Најнови вести