Стефано Сенси е нов играч на Интер

Стефано Сенси од Сасуоло е најновото засилување на Интер. Италијанскиот играч за врска во новата сезона ќе игра како позајмен фудбалер, а идното лето Нераѕурите се обврзаа да исплатат околу 22 милиони евра за неговите услуги. Ова е трето големо засилување на Интер во првите два дена од летниот преоден рок, по ангажманите на Диего Годин и Валентино Лазаро.

„Го направив вистинскиот избор, Интер е голем клуб и очекувам добра сезона во која ќе ги оправдам средствата“, истакна Сенси.

Италијанецот минатата сезона доби вистинска шанса да биде првотимец на Сасуоло, а во 28-те настапи реализира два гола и четири асистенции. Добрите игри му обезбедија и повик од селекторот Манчини во селекцијата на Аѕурите, за кои досега запиша два настапи.

- Оглас -

Најнови вести