Стелоне е среќен: Несторовски одигра голем меч

Илија Несторовски погоди во вистински час, во финишот на мечот за Палермо и со неговиот погодок клубот од Сицилија го победи Кротоне. Токму головите на капитенот му недостасуваа на Палермо од почетокот на сезоната, а голот е одлична вест и за нашата репрезентација.

Илија се враќа во форма, што им носи само добро и на Палермо и на македонската репрезентација.

„Илија одигра голем меч и потврди зошто е наш лидер и капитен. Се радувам што полека, но сигурно се враќа во форма“, изјави тренерот на Палермо, Роберто Стелоне.

Несторовски го одигра целиот меч за Палермо, а Александар Трајковски беше заменет во 76-тата минута. Двајцата репрезентативци ќе патуваат за Скопје, на подготовките на нашата репрезентација пред клучниот двомеч за првото место во групата во Лигата на нациите, против Лихтенштајн и Ерменија.

- Оглас -

Најнови вести