„Стемфорд бриџ“ има нов миленик сезонава – Кол Палмер (Видео)

Фудбалерите на Челси славеа со 1:0 во лондонската пресметка против Фулам која се играше во рамки на 21-то коло во Премиер лигата.

Со оваа победа, Сините скокнаа на осмото место на табелата со 31 освоен бод, колку што има и Манчестер јунајед кој утре во дербито на колото ќе игра против Тотенхем.
Фулам остана на 13-та позиција со 24 бодови.

Херој на Челси е 21-годишниот Кол Палмер кој го постигна единствениот гол на натпреварот во последните моменти од првото полувреме.

Палмер го совлада совлада Лено од белата точка, што беше негов шести гол од пенал, а вкупно деветти сезонава и е најдобар стрелец на Челси.

- Оглас -

Најнови вести