Стерлинг ќе го заборави Мадрид кога ќе ја слушне понудата од Сити

Манчестер сити по секоја цена сака да го задржи Рахим Стерлинг, кој е еден од главните играчи во тимот. Управата на актуелниот англиски првак не остава ништо на случајот и се реши да ги преземе работите во свои раце. Целта е да се спречи каков било обид на Реал Мадрид да го привлече можеби најдобриот фудбалер на Граѓаните во моментов, а решение најдоа со тоа што ќе му ја зголемат платата.

И не само тоа, туку Стерлинг ќе стане најплатен играч на Сити, пред Кевин де Бројне. Зголемувајќи му ја актуелната плата од 300.000 фунти неделно, Англичанецот отприлика би требало да заработува до 21 милион фунти на годишно ниво, без додадени бонуси. Инаку, Стерлинг пред околу една година потпиша нова соработка која важи до 2023 година.

Кралевите иако веќе извесно време го следат брзоногото крило на Сити, шансите за евентуален ангажман им се сè помали, особено по овој потег на англискиот шампион.

- Оглас -

Најнови вести