Стерлинг опиша колку време му требало на Сити да се навикне на играњето без публика

Крилниот напаѓач на Манчестер сити, Рахим Стерлинг, кој беше стрелец на првиот гол во Премиер лигата по паузата, рече дека им било чудно што играле пред сосема празни трибини, па им требало одредено време да се навикнат на тишината. Сити го победи Арсенал со 3-0 во 28-мото коло и спречи можност Ливерпул уште викендов да се промовира во нов шампион на Англија.

„Изминатите две недели беа тешки. Среќни сме што добивме можност да се вратиме на стадион и да работиме нормално. Очекувавме да биде чудно играњето без публика, па мораше да се најдат дополнителни внатрешни сили. Првите 10 минути беа период на навикнување на атмосферата, а потоа мислам дека го контролиравме натпреварот“, изјави Стерлинг.

- Оглас -

Најнови вести