Стерлинг се пријави за враќање во Катар, чека зелено светло од англиската федерација

Рахим Стерлинг се пријавил за враќање во Катар на Мундијалот и сака да биде во комбинација за четвртфиналето меѓу Англија и Франција, открил негов соиграч од репрезентацијата.

Мечот ќе се игра задутре, во сабота од 20 часот и според распоредот европскиот фудбалски класик ќе биде последното четвртфинале на Светското првенство.

Стерлинг си замина предвреме дома во Англија поради кражба во неговиот дом и сакаше да биде со своето семејство.

Веќе се упсени две лица, полицијата го има случајот под контрола, па Стерлинг смета дека неговото семејство ќе биде безбедно и побара од ФА да се врати во Катар и да игтра против Франција.

Претходного пропушти осминафиналето со Сенегал, но Англичаните и без него немаа проблеми и победија со 3:0.

- Оглас -

Најнови вести