Стерлинг: Лампард и Џерард се тренери во големи клубови затоа што се белци

Рахим Стерлинг, напаѓачот на Манчестер сити, смета дека напредок во борбата против расизмот во фудбалот во Велика Британија ќе биде остварен кога поранешните црни играчи ќе станат тренери на големи клубови.

Стерлинг мисли дека во британскиот фудбал немаат сите подеднакви шанси. Како пример тој ги наведе четворица поранешни репрезентативци на Англија кои почнаа да се занимаваат со тренерска работа.

„Во Премиер лигата има 500 играчи, од кои една третина се црни, но немаме доволно свои претставници во раководствата на клубовите или во стручните штабови. Стивен Џерард, Френк Лампард, Сол Кемпбел и Ешли Јанг, сите имаа одлични кариери, играа за репрезентацијата. Во исто време добија тренерски лиценци, а само двајца добија шанса во тимови од високо ниво, тоа се белците, додека црномурните не добија прилика да работат во таква средина“, вели Стерлинг.

Џерард е тренер на шкотскиот трофеен клуб Глазгов ренџерс, а Лампард е во премиерлигашот и некогашен европски првак Челзи. За разлика од нив, Кемпбел работеше во нисколигашите Маклсфилд и Саутенд, додека Кол работи во Челзи како тренер на тимот за кадети до 15 години.

- Оглас -

Најнови вести