Стигна и објаснување зошто Ѓоковиќ беше исфрлен од Отвореното првенство на САД, а има и дополнителна казна за Србинот!

Новак Ѓоковиќ за првпат сезонава загуби, и тоа не беше на тенискиот терен. Србинот беше дисквалификуван од Отвореното првенство на САД, откако со тениско топче удри една од линиските судијки кои беа позади него. Ѓоковиќ фрли едно топче кое заврши директно во грлото на девојката, која падна на земја и покажа знаци дека не може добро да дише.

Реагираше и лекарот, а Ѓоковиќ се извини покажувајќи дека неговиот потег бил ненамерен. Сепак, организаторите на САД немаа милост и го исфрлија најдобриот тенисер во светот од овој гренслем. Стигна и официјално објаснување зошто Ѓоковиќ е исфрлен од натпреварувањето.

„Во согласност со правилникот на гренслемот, следејќи ги неговите постапки за опасно или несовесно намерно удирање топка во рамките на теренот или удирање топка со небрежно непочитување на последиците, судиите решија да го исфрлат Новак Ѓоковиќ од Отвореното првенство на САД. Затоа што е дисквалификуван, Ѓоковиќ ќе ги загуби и сите освоени поени на овој турнир, а нема да добие ниту парична награда за настапот досега“, стои во соопштението од организаторот на Отвореното првенство на САД.

Целата ситуација кога Ѓоковиќ со топчето ја удира судијката може да ја видите ТУКА.

 

- Оглас -

Најнови вести