Стигна во Варшава за да потпише за Легија, а падна на лекарскиот тест!

Црногорскиот фудбалер Марко Јанковиќ во следните шест месеци изгледа нема да игра никаде бидејќи вчера му пропадна трансферот во Легија Варшава, и тоа поради тоа што не ги мина лекарските прегледи. Јанковиќ беше член на италијански СПАЛ, но неиграњето таму си го зеде данокот и тестирањата во Варшава покажале дека тој не е подготвен за играње натпревари.

Јанковиќ пред неколку дена стигна во главниот град на Полска и се очекуваше ставањето потпис да биде само формалност. Но, во петокот му бил направен нов тест кој бил малку подобар од тој во средата, но и тоа било недоволно добро, лекарите и тренерот процениле дека на 25-годишниот играч за врска му треба време за да ја достигне потребната форма за играње натпревари, а на Легија ѝ треба играч кој веднаш ќе помогне.

Марко знаел дека не е во топ-форма и прифатил на почетокот од договорот да зема помала плата, но за Легија неприфатливо било да потпишат договор со физички неподготвен фудбалер.

- Оглас -

Најнови вести