Стимул пред дербито со Ливерпул – Смолинг го продолжи договорот со Манчестер јунајтед

Крис Смолинг го продолжи договорот со Манчестер јунајтед до 2022 година и тоа непосредно пред големото дерби против Ливерпул, закажано за утре од 17 часот.

Смолинг е во клубот веќе осма година, а ќе остане уште подолго, со опција во 2022 година, да ја продолжи соработката на уште една сезона.

Дефанзивецот има одиграно 300 натпревари за Манчестер јунајтед и истакна за клупскиот сајт дека е среќен што ќе продолжи да игра за најтрофејниот англиски клуб.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести