Стинг верува дека Вардар може да игра финалето во Келн, па го помести концертот за подоцна

Ракометната еуфорија пред фајнл фор турнирот во Келн веќе започна. Вардар трета година по ред ќе биде дел од четирите екипи кои ќе се борат за европскиот трон. Првиот предизвик за „црвено-црните“ шампиони е полуфиналето против Барселона, кое се игра в сабота.

Доколку Вардар успее да слави против каталонскиот гигант, в недела од 18 часот ќе игра финале за големиот трофеј, кој веќе еднаш го има освоено во 2017 година. Во недела, во Скопје концерт ќе има и светски познатата музичка ѕвезда Стинг, а поради можноста Вардар да игра финалето во Лигата на шампионите, од „Авалон продукција“ најавија дека концертот ќе започне малку подоцна од планираното.

Ви ја пренесуваме реакцијата на луѓето од „Авалон продукција“ и објаснувањето дека концертот на Стинг ќе започне подоцна, и тоа поради учеството на Вардар на фајнл фор турнирот во Келн.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести