Стоичков гневен на Пјаниќ: Дресот на Барса со бројот 8 тежи, тој не е достоен да го носи

Бугаринот Христо Стоичков, еден од најдобрите фудбалери во историјата на Барселона, беше критички настроен по тешката победа на Барса против локалниот аматерски ривал Корнелја во Купот на Шпанија. Барселона дури во продолженијата со два гола дојде до победа и пласман понатаму, а во регуларниот дел фаворитот утна два пенали, по еден на Миралем Пјаниќ и Усман Дембеле.

Популарниот Кама, како што го нарекуваат во Бугарија, особено беше гневен на играта на Пјаниќ, кој на грбот ја носи осумката, која во минатото ја имаа токму Стоичков, а подоцна и Андрес Иниеста.

„Бројот 8 во Барселона не е за секого. Тој број многу тежи, а Пјаниќ не е на тоа ниво. Тажен сум и засрамен од тоа што го видов. Вината не е кај тренерот Куман кога двајца фудбалери не можат да дадат гол од пенал. Треба многу работа, со овие играчи тешко ќе биде“, анализираше Стоичков.

- Оглас -

Најнови вести