Стоичков огорчен од расистите, се расплака среде емисија (Видео)

Бугарската фудбалска икона, Христо Стоичков, многу емотивно ја доживува целата ситуација околу обвинувањата за расизам на неговите сонародници на натпреварот со Англија, кој беше прекинат двапати и малку фалеше да биде прекинат. Сега Бугарската федерација и репрезентацијата се соочуваат со парични казни и играње без публика, но најголемиот проблем е што се нарушува имиџот на нашиот источен сосед, чии фанови се етикетирани како расисти.

„Ми доаѓаат солзи од сето ова. Треба да се избркаат таквите луѓе од стадион. Останатите не заслужуваат да страдаат поради нив. Или уште поригорозни мерки да се воведат, како во Англија пред многу години, петгодишна забрана за натпревари и репрезентации и клубови. Треба да научат еднаш засекогаш“, изјави Стоичков и не можеше да не заплаче пред камерите додека гостуваше во една емисија.

- Оглас -

Најнови вести