Стоилов: Одиме на петта титула

Стојанче Стоилов беше непогрешлив против Мешков Брест во полуфиналето во СЕХА-лигата, а вели дека е мината една тешка пречка на Ф4 турнирот.

„Играат одличен ракомет и беше многу тешко да се победи. Вардар секако ќе оди на победа и во финалето, тоа не се менува кај нас, но ќе видиме. Загреб е еден од најдобрите тимови во Регионот“, вели Стоилов.

Тој беше непогрешлив и погоди 7 удари од седум обиди во победата на Вардар во Брест со 25:23. Ова ќе биде седмо финале за македонскиот првак, кој е рекордер со четири титули и ќе атакува на петта против Загреб.

- Оглас -

Најнови вести