Стојановиќ: Македонија и Полска се фаворити, но нема да бидеме туристи

Славиша Стојановиќ ќе дебитира на кормилото на Летонија на 21 март во Скопје против Македонија, а стартот на квалификациите потоа ја води балтичката репрезентација кон Полска, на вториот меч од новиот квалификациски циклус за настап на ЕП.

Летонците се во процес на подмладување на националната селекција, а Стојановиќ од први март е селектор и има задача да го почне новиот процес на враќање на летонската репрезентација на вистинскиот колосек.

Во 2004 година направија историски успех и играа на Европското првенство во Португалија.

„Ќе се обидеме да го вратиме култот кон репрезентацијата. Македонија и Полска се фаворити, но ние нема да патуваме како туристи. Ќе се бориме жестоко за секоја топка, за секој гол и бод во групата“, вели Стојановиќ.

Поранешниот селектор на Словенија ќе го има првиот меч како кормилар на Летонија во четврток, во Скопје, од 20.45 часот.

- Оглас -

Најнови вести