Стојановски и Ним чекаа фини кнезови, им стасаа фудбалски касапи (Видео)

Ним има супер шанса за победа против фаворитот Монако, а во второто полувреме соиграчите на нашиот репрезентативец Влатко Стојановски ќе играат со двајца фудбалери повеќе.

Поради груб старт во 32. минута беше исклучен Тему Бакајоко, а поради протест и потоа и заради туркање на судијата надвор од терен мораше да си замине и Желсон Мартинс.

Резултатот по првите 45 минути е 1:1, а Стојановски не игра и воопшто не е вклучен во составот на домаќините.

Монако поведе во 13. минута со голот на Висам Бен Једер, а израмни за Ним Флоријан Мигел.

Клучните моменти при исклучувањето на Бакајоко и на Мартинс можете да ги погледнете ОВДЕ.

- Оглас -

Најнови вести