Пикси: Нема да дозволам никој да нѐ плука и да нѐ понижува, фактите велат дека сме направиле голема работа!

Србија заврши само со еден освоен бод во групата на Светското првенство во Катар и оваа селекција го освои последното место во групата. Разочарувањето кај многу од навивачите е големо, а по враќањето во Србија, селекторот Драган Стојковиќ-Пикси реши отворено да зборува за се што сѐ случувало во Катар.

„Кога победувавме, не шетав низ Белград со цвеќиња во раце, па затоа ни сега нема да се кријам и да бегам од одговорноста. Тука сум да одговорам на сите прашања. Не сум тип што ќе седне во авион и ќе избега некаде далеку, па од таму да се јави со некакво соопштение, како што е модерно денес. Јас тоа не го правам“, започна Пикси со своето излагање, а потоа продолжи:

„Голем успех направивме со пласманот на Мундијалот. Потоа и во Лигата на нациите, каде што го освоивме првото место и се пласиравме во Сегментот А, каде што играат најдобрите 15 репрезентации во Европа. Нема да дозволам никој да плука ниту да понижува. Тоа се фактите што сме направиле во изминативе 20 месеци. Можеби можевме и групата да ја поминеме, но подоцна немаше да направиме ништо. Нема да дозволам некој да претстави како сѐ да е црно и јас да седам тука да се чувствувам посрамен, безвреден и понижен. Точно е дека загубивме, но не сме понижени. Мора главите да ги држиме горе“, рече селекторот Стојковиќ, за кого сега следна цел е да обезбеди место и на Европското првенство, кое ќе се игра во 2024 година.

- Оглас -

Најнови вести