Столе Димитриевски постави нов клупски рекорд на Рајо Ваљекано

Голманот на македонската фудбалска репрезентација, Столе Димитриевски, со „сувата мрежа“ на гостувањето кај Селта Виго викендов, постави нов клупски рекорд на неговиот Рајо Ваљекано.

Македонецот по 11-ти пат сезонава не прими гол и тоа е нов рекорд на Рајо.

Досегашниот рекорд го држеше Коке Контрерас кој во сезоната 1996-1997 година, на десет меча немаше примено гол, а Столе е на делба и на третото место, бидејќи во две сезони (2021/2022 и 2022/2023) по девет пати ја зачувуваше мрежата без да ја вади топката од својот гол.

До крајот на сезоната во шпанската лига има уште осум кола, па Столе има прилика да го подобри рекордот и да му помогне на тимот да избори опстанок.

- Оглас -

Најнови вести