Столе Димитриевски пред портите на „Местаља“, голманот веќе има преддоговор со Валенсија

Столе Димитриевски е пред потпис со шпанскиот великан Валенсија. Македонскиот голман кој е дел од тимот на Рајо Валјекано, на крајот од сезоната ќе биде слободен играч и ќе може да замине во било кој клуб без никаква оштета.

Токму фактот што станува слободен играч, Валенсија искористила и веќе потпишала преддоговор со Димитриевски, кој треба да биде замена за Мамардашвили. Шпанските медиуми пишуваат дека во Валенсија планираат да го продадат Мамардашвили за околу 30 милиони евра и да имаат прилив во клупската каса, а во исто време безпари да го доведат Димитриевски кој веќе подолго време брани одлично во Рајо.

Димитриевски повеќе од една деценија брани во Шпанија. Кариерата ја започна во Работнички, а потоа направи трансфер во Гранада каде бранеше неколку години. Потоа замина во Химнастик, за да од 2018 година прејде во Рајо Валјекано и веќе шеста година е дел од овој мадридски тим.

 

- Оглас -

Најнови вести