Столе не е семоќен, Рајо поразен од најдобриот напад во Ла Лига (Видео)

Екипата на Рајо Ваљекано загуби со 3-0 на гостувањето кај второпласираната Жирона, екипа која го има и најдобриот напад во Ла Лига. Нашиот репрезентативен голман, Столе Димитриевски, бранеше одлично, но не успеа да ја спаси својата екипа од пораз во 52-рата минута, кога Циганков го постигна погодокот за водство на Жирона од 1-0. Во 76-тата Чаварија заработи црвен картон, па Рајо со играч помалку тргна по израмнување, но во 91-вата минута Савио погоди за 2-0, а во 96-тата минута истиот фудбалер уште еднаш го матира нашиот голман.

Фудбалерите на Жирона упатија седум удари во рамките на голот на Димитриевски, а нашиот голман четирипати беше поуспешен од противничките фудбалери. Со овој пораз Рајо и седми натпревар по ред не успеа да победи во Ла Лига, додека Жирона повторно им се врати на победите по двата порази во низа.

- Оглас -

Најнови вести