Столе не прими гол, но неговиот Рајо не победи

Рајо Ваљекано и Селта одиграа без голови во последниот меч од 16-тото коло во Ла Лига.

Голманот на македонската репрезентација, Столе Димитриевски, немаше многу работа бидејќи неговите соиграчи беа подобри, постојано напаѓаа, но не успеаја да постигнат гол.

Ова беше седми натпревар во Ла Лига на кој Димитриевски ја зачува сопствената мрежа.

По ремито, Рајо Ваљекано е десетти на табелата со 20 бода, додека Селта е трета одзади со 10 освоени бода.

- Оглас -

Најнови вести