Столе несовладлив, Рајо со голем бод се враќа од гостувањето во Виго (Видео)

Екипата на Рајо Ваљекано успеа да остане непоразена на тешкото гостување во Виго, против директниот конкурент во борбата за опстанок, Селта. Дуелот во Виго заврши без голови, 0-0, а нашиот репрезентативен голман, Столе Димитриевски, беше одличен на голот на Рајо Ваљекано.

За нашиот голман, ова е 11-ти натпревар оваа сезона во Ла Лига на кој успева да ја сочува својата мрежа чиста и не дозволува да биде совладан. Рајо останува на 16-тата позиција на табелата со пет поени предност од Кадис, екипа која е во зоната за испаѓање.

- Оглас -

Најнови вести