Столе „Несовладливиот“ Димитриевски, 531 минути без примен гол!

Македонската фудбалска репрезентација пет натпревари по ред нема примено гол, а ако се знае дека и на оној шестиот, последен на кој Столе Димитриевски беше совладан, поминаа 81 минути откако примивме гол, сега Црвено-жолтите имаат период од фантастични 531 минути без да ја вадат топката од мрежа.

Димитриевски прими само еден гол во шест кола во групата во која игравме во Лига Ц од Лигата на нации, и тоа на првиот меч на гости кај Фарски острови во 9-тата минута, од пенал. Од игра Македонија не прими гол во целиот циклус.

Од таа 9-та минута во Торшавн на дуелот во септември, поминаа 81 минути на тој и уште пет цели мечеви од по 90 минути без противниците да ни дадат гол. Историски рекорд кој може да биде подобрен на наредниот меч.

- Оглас -

Најнови вести