Стоп за победничките серии на Калгари и Сан Хозе

Лидерот на Западната конференција, тимот на Калгари флејмс по пет последователни победи, загуби на домашен терен со 4-3 од Бафало сејберс. Гостите во два наврати успеваа да надополнат негатива, прво од еден гол, а потоа израмнија и на 3-3, а само по 70 секунди во дополнителното време Ејшел го постигна одлучувачкиот гол за Бафало.

Спречена е и победничката серија на вториот најдобар тим на Западот. Сан Хозе шаркс по седум триумфи во низа, убедливо загуби од Аризона којотс со 6-3. Домаќините од стартот ја презедоа контролата врз мечот, па во сите три периоди постигнаа по два гола, додека Сан Хозе можеше да одговори само со по еден погодок во секоја од третините.

И останатите три фаворити на хартија претрпеа порази. Бостон загуби од Филаделфија со 4-3, Едмонтон по пенал-рулет издвои гостинска победа кај Ванкувер (2-2 во регуларно време, 1-0 на пенали), додека Отава го изненади Колорадо и по 20 средби конечно успеа да постигне пет гола, а против Аваланш победија со 5-2.

- Оглас -

Најнови вести