Американската компанија „Стрипчат“ му понуди 200 милиони долари на Евертон за правата на името на новиот стадион. Потенцијалниот спонзор на премиерлигашот е интернет страница за возрасни, тоа е платформа слична на „Онлифанс“.
Евертон го напушта „Гудисон парк“ кој е изграден 1892 година, а новиот стадион треба да биде готов за сезоната 2024/25. Новиот стадион ќе има капацитет од 53.000 седишта, а неговата изградба ќе го чини премиерлигашот 500 милиони фунти.
Компанијата „Стрипчат“ му понуди на Евертон десетгодишен договор вреден 200 милиони долари, а доколку управата на премиерлигашот ја прифати понудата, стадионот би требало да се нарекува „Стрипчат Сустаинабилити“.
„Сакаме стадионот да го направиме најпрогресивен, одговорен и одржлив и поради тоа ја испративме понудата за спонзорство“, порачаа од „Стрипчат“.