Странците од Вулверхемптон му го блокираат патот на Мурињо до Лигата на Европа (видео)

Вулверхемптон рутински со 2-0 славеше против Кристал палас и повторно дојде до позиција за пласман во Лигата на Европа. Волците на Нуно Еспирито Санто триумфираа по погодоците на Поденс во 41-вата и Џони во 68-мата минута, по што стигнаа до 59 бода и позиција пред Тотенхем на Жозе Мурињо.

За Вулвехемптон продолжија да погодуваат странски фудбалери, оваа сезона ниту еден англиски играч не се запиша во листата на стрелците за екипата од „Молињу“ во 37 премиерлигашки натпревари во кои постигнаа 51 погодок.

https://twitter.com/LivePLgoals/status/1285303369154822148

https://twitter.com/LivePLgoals/status/1285314478255546368

- Оглас -

Најнови вести