Шампионско срце има Софија Гоџа – Преживеа страотен пад во Кортина Дампецо, па сама се спушти до целта (Видео)

Најбрзата скијачка на денешницата во брзинските дисциплини, Софија Гоџа имаше страотен пад на супервелеслаломот во Корина Дампецо, а потоа приреди подвиг и сама стана и доскија до целта.

Кога сите стравуваа дека има тешки повреди по страшниот пад на патеката, Гоџа со помош на италијанскиот медицински тим успеа да ги стави скиите и да стаса до целта, каде беше наградена со огромен аплауз.

https://twitter.com/vitasportivait/status/1485211831056621572?s=20

Потоа се упати кон шаторот каде е семстен медицинскиот тим жалејќи се на болки во десното колено.

За Гоџа ова е втор пад во последните две недели на трките од Светскиот куп.

Во Кортина денедка победи нејзината сонародничка од Италија, Елена Куртони, а на подиумот имаше место и за Австријката Тамара Типлер, која беше втора со само 9 стотинки зад победничката и за третопласираната Мишел Жисин од Швајцарија со 24 стотинки послабо време.

- Оглас -

Најнови вести