Страшен фаул во ФА купот, навивачите скандираа „Нека умре …!“ (Видео)

Вистински „кунг-фу“ фаул се случи на мечот помеѓу Кристал палас и Милвол во англискиот ФА куп. Во осмата минута од мечот, голманот на гостите, Лиам Робертс, со висока крената нога тргна на една топка и го покоси противничкиот фудбалер, Матета.

Тој падна на земја, а судијата воопшто не досуди ниту фаул. Сепак, по асистенција на ВАР ситуацијата беше прегледана, а Робертс заслужено си доби директен црвен картон.

Голем скандал предизвика и скандирањето на навивачите на Милвол, кои ги бие лош глас во Англија. Тие во моментите додека му се укажуваше лекарска помош на Матета извикуваа „Оставате го да умре!“.

- Оглас -

Најнови вести