Спортинг повторно загуби на гости, вечерва од Тондела, а мечот го одбележа прекрасниот погодок на домашниот фудбалер Антонио Мендеш Фернадеш Мендеш, или како што во Португалија го нарекуваат Томане.
Во 74. минута Томане со надворешен фелш од десната страна го погоди спротивниот агол на гостинскиот гол и во тој момент Тондела веќе имаше предност од 2:0. Жереми Матје само две минути подоцна намали на 2:1, но Спортинг не успеа да освои барем еден бод.
https://www.youtube.com/watch?v=krYhRFk2Kmc
При првиот гол за Тондела, што го постигна Делгадо, главен виновник беше десниот бек на Спортинг, Бруно Гашпар, играч чија резерва моментно е нашиот репрезентативец Стефан Ристовски.
Гашпар ја искористи шансата да биде стартер, по повредата на Ристовски, но одигра слабо, вечерва против Тондела. Спортинг има две лица во португалското првенство и како домаќин има максимален учинок од 8 победи, но игра многу полошо како гостин.
Вечерва лавовите од Лисабон по четвртипат загубија на гостувањата во 8 натпревари и имаат само три победи со едно реми. По поразот од Тондела паднаа на четвртата позиција со 6 бодови помалку од лидерот Порто, а ги претркаа и Брага со два бода повеќе и Бенфика, која има еден бод повеќе.