Страшен играч е Халанд – Со два гола и три асистенции ги приземји Орлите од Франкфурт (Видео)

Борусија Дортмунд имаше летечки старт во Бундеслигата и убедливо со 5:2 го победи Ајнтрахт Франкфурт на популарниот „Вестфален“.

Повторно во препознатлив елемент беше најскапиот играч на Милионерите, Ерлинг Халанд, кој ја прегази одбраната на популарните Орли со еден гол и три асистенции.

Првиот гол на Халанд за Борусија Дортмунд во новата сезона можете да го погледнете ОВДЕ.

Одлично одигра и Марко Ројс, кој постигна еден погодок и имаше две асистенции.

Borussia Dortmund [1]-0 Eintracht Frankfurt: Marco Reus 23′ from soccer

Стрелци за Борусија беа и Торган Азар и Џовани Рејна, а Борусија одигра брилијантен меч. Домаќините постигнаа и пестти гол, но Пашлак си постигна интересен автогол за 1:1 во 27. минута.

Хауге беше стрелец на последниот гол на мечот со кој ја ублажи катастрофата на гостите од Ајнтрахт.

 

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести