Страшен меч на „Бај арена“ – Луди пресврти со 7 гола, завршниот збор го имаше Халанд (Видео)

Ерлинг Халанд со гол од пенал го имаше завршниот збор на возбудливото дерби на „Бај арена“ меѓу Баер и Борусија Дортмунд, што заврши со победа на Милионерите со 4:3.

Норвешкото чудо постигна два гола, а последниот од пенал во 75. минута им донесе победа на гостите. Баер трипати водеше со головите на Вирц, Шик и Дијаби, но на крајот остана со празни раце.

Борусија постојано израмнуваше и на крајот со голот на Халанд и победи за многу важни три бода во Бундеслигата.

Халанд ги даде првиот и последниот гол за Милионерите, а стрелци беа и Брант и Гереиро.

Чудесно, но вистинито е дека домаќините на победија на ниту еден од петте меча што се играа од 15.30 часот. Мајнц славеше со 2:0 на гости кај Хофенхајм, ист е резултатот на мечот Гројтер Фирт и Волфсбург, Фрајбург и Келн одиграа 1:1, а Унион Берлин и Аугсбург ремизираа без голови.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести