Новиот играч на Манчестер сити, Јулијан Алварес приреди голем подвиг со шест гола за Ривер плата на дуелот во Копа Либертадорес против Алијанса Лима од Перу, во победата на аргентинскиот гигант од 8:1.
Алварес, кој е играч на Манчестер сити, но остана кај Ривер плата да ја доигра сезоната правеше чуда на легендарниот „Монументал“ во Буенос Аирес.
Тој веќе потпиша договор со првакот на Англија и ноќеска уште еднаш потврди дека ќе биде големо засилување и освежување во Премиерлигата.
Погоди по трипати во двете полувремиња со еден од најдобрите гол-ефекти во историјата на Копа Либертадорес.
Алварес има 22 години и за него интерес имаше од неколку европски гиганти, но најбрз и најконкретен беше Манчестер сити.
Потпишаа договор со него и му дозволија да остане во Ривер плата до крајот на оваа сезона.
Алијанса Лима е најслабиот тим во јужноамериканската лига со најдолга серија без победа во историјата, а ноќеска и по 29-ти пат во низа не победија.