Страшен нокаут, играчот заврши во болница: Со нога го „заспа“ на терен (Видео)

Динамо Букурешт со 2:1 ја победи Стеауа во дербито на романското првенство и покажа дека ситуацијата на табелата не игра многу улога во вакви средби. Со оваа победа Динамо стигна до 34 бода, додека Стеауа остана на 43 бода и третото место на табелата.

Домаќините поведоа во првиот дел, а Стеауа израмни со гол од пенал, дури во деветата минута од судиското надополнување во првото полувреме. Во надополнувањето од првиот дел, Кристеа со нога директно во главата го удри домашниот фудбалер Славко Перовиќ, кој падна неподвижен на теренот.

Веднаш влегоа две возила на Брза помош и го хоспитализираа повредениот играч, а Кристеа доби црвен картон. Со играч повеќе, Динамо во второто полувреме даде гол за водство и победа на домаќините во дербито на Романија.

 

- Оглас -

Најнови вести