Страшна асистенција со рабона – Шериф погоди, ама главен фараон на вечното дерби во Египет е рекордерот во Лигата на шампионите (Видео)

Ал Ахли за едно полувреме, или поточно за само 9 минути со три гола го растури вечниот ривал Замалек во големото градско дерби на Каиро и Египет, а блесна Амр Ел Солеја со прекрасна асистенција со популарната рабона.

Египетскиот репрезентативец во 25. минута на фантастичен начин што секогаш е атрактивен му асистираше на Мохамед Шериф, кој погоди за 3:0.

Al Ahly [3] – 0 Zamalek – Mohammed Sherif (great rabona assist) from soccer

Претходно Абугабал си постигна автотогол во 16. минута, а Малул 240 секунди подоцна го постигна вториот гол за Ал Ахли.

Ел Солеја кој ја изведе прекрасната рабона во 25. минута е единствениот играч во историјата на африканската Лига на шампиони што постигнал три гола на три различни финалиња, а Ал Ахли славеше на две од нив.

По првото полувреме беше 3:0 за Ал Ахли, а во второто полувреме имаше уште три гола и на 20-на минути до крајот на вечното дерби на Каиро и на Египет Ал Ахли води со 5:1 против Замалек.

 

 

- Оглас -

Најнови вести