Страшна повреда на фудбалер на Феенорд (Вознемирувачко видео)

Напаѓачот на Феенорд, Лукас Прато, на денешното дерби против Ајакс (0-3 за тимот од Амстердам), се здоби со многу тешка повреда. Прато стартуваше со цел да го запре Дејви Класен, но си ја скрши потколеницата и скина лигаменти на зглобот на ногата.

Прато кој е 33-годишен играч на Ривер плејт позајмен во Феенорд, веднаш беше пренесен во болница, каде вечерва ќе му биде направена операција, и потоа му следува рехабилитација од неколку месеци.

- Оглас -

Најнови вести