Страшна повреда на соиграчот на Елмас, во несвест изнесен од теренот (Видео)

Фаворизираниот Мексико ремизираше без голови во дуелот против Тринидад и Тобаго, во првото коло од Голд купот. Мечот на кој немаше голови, ќе се памти по страшната повреда што ја доживеа напаѓачот на Мексико, Хирвинг Лозано.

Играчот на Наполи беше во борба за топка пред противничкиот шеснаесетник кога падна на земја и со главата удри директно во коленото на голманот на Тринидад и Тобаго, Марвин Филипс. Лозано веднаш падна во несвест, а ситуацијата делуваше страшно.

Веднаш на теренот влегоа лекарите и го имобилизираа вратот на повредениот фудбалер и му ги санираа повредите на главата, а потоа беше изнесен на носилки. По мечот, од фудбалската федерација на Мексико објавија вест дека Лозано се разбудил и дека неговата состојба е стабилна.

Лозано во Наполи е соиграч на нашиот Елиф Елмас.

https://twitter.com/i/status/1414057771759149058

 

- Оглас -

Најнови вести